Постојана членка на RED Digital Cinema фоумот од 2007г. Ова ни овозможува размена на професионални искуства со сите корисници на RED камерите и можност да бидеме во тек со сите детали на RED техниката.
Техниката е одржувана и сервисирана во склад со упатствата на произведувачите.
Опремата ја придружува асистент кој се грижи за нејзината безбедност и исправност, помага во нејзиното поставување и поврзување до пуштање во употреба.
Опремата се доставува во наше RENAULT VAN возило кое има и можност за превоз на екипа од 5 луѓе.
Горивото и хонорарот на асистентот (50 евра по ден) се во надлежност на нарачателот.
Плаќањето се врши однапред или по издадена фактура пред превземање на снимените материјали.
Материјалите НЕ СЕ ИЗДАВААТ пред да се комплетира плаќањето.
Наша обврска е техниката која е доставена на сет да биде во исправна состојба.
Деталите околу снимањето со неа не се наша обврска.
Секакво оштетување на опремата од страна на екипата која управува со неа се наплаќа дополнително.
Во секое време ви стоиме на располагање да се направите тестови со кои ќе го утврди начинот на снимање.
RED камерите имаат и детални ON LINE упатства кои е добро да се проучат од страна на снимателот.
top of page
bottom of page
