top of page

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

РЕНТАЛ НА ТЕХНИКА ЗА СНИМАЊЕ

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цената за услугата е прашање на договор. Цените објавени на интернет страницата се основни и можат да претрпат корекции во зависност од проектот. Контактирајте не за сите дополнителни детали.

Плаќањето се врши однапред или по издадена фактура пред превземање на снимените материјали. 


Материјалите НЕ СЕ ИЗДАВААТ пред да се комплетира плаќањето.

НАШИ ОБВРСКИ

  • Наша обврска е техниката која е доставена на сет да биде во исправна состојба. Техниката е одржувана и сервисирана во склад со упатствата на произведувачите.

  • Техниката ја придружува асистент кој се грижи за нејзината безбедност и исправност, помага во нејзиното поставување и поврзување до пуштање во употреба.

  • Опремата се доставува во наше возило или се зема со возило на нарачателот - по договор.

  • Во секое време ви стоиме на располагање да се направите тестови со кои ќе го утврди начинот на снимање. 

  • Наша обврска е снимениот материјал да се пресними на ваш диск. Контрола на материјалите, и потврда дека се е преснимено е обврска на нарачателот која треба да са изврши во рок од два (2) дена. Не чуваме архива. 

ОБВРСКИ НА НАРАЧАТЕЛОТ

  • RED камерите имаат и детални ON LINE упатства кои е добро да се проучат од страна на снимателот.

  • Деталите околу снимањето со Техниката не се наша обврска.

  • Секакво оштетување на опремата од страна на екипата која управува со неа се наплаќа дополнително.

  • Враќањето на опремата се обавува на крајот од периодот во кој е договорено изнајмувањето. Веднаш по снимањето се враќа опремата. Доколку се остави за наредниот ден - засметуваме дополнителен снимачки ден.

  • Горивото за превоз на опремата  и хонорарот на асистентот (50 евра по ден) се обврска на нарачателот. 

  • Нарачателот по прием на материјалите ги проверува и потврдува дека е се во ред најдоцна во рок од 2 дена.

  • Архива не чуваме и по истекот на овој рок картичките на кои се снима ги користиме за друго снимање.

Ги нудиме сите услуги од сите фази на продукција. Можеме да ги понудиме во ПАКЕТ или поединечно да работиме како дел од екипа на ваш проект.

Осмислување на Креативен концепт не се наплаќа, а цената на наведените услуги ја формираме според концептот кој ќе го прифатите.

КРЕАТИВЕН КОНЦЕПТ

Копирајт

Сториборд

Лектура, преводи

ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ

Знак, лого, 

Графички елементи

Анимации

ПРОДУКЦИЈА

Организација

Кастинг

Локации

Организирање на сет

Организирање на екипа

Арт дирекција

Сет дизајн

Снимање на слика и тон

ПОСТПРОДУКЦИЈА

Конверзија на формати

Прегледување на материјали

Монтажа

Колоркорекција

Постпродукција на тон

Финален микс

Услови за рентал
Продукција
bottom of page