СПЕЛЕОЛОШКО ДРУШТВО ПЕОНИ
ШЕПОТОТ НА ВОДАТА
Најубавите пештери во Македонија
12 НАЈУБАВИ ПЕШТЕРИ
БОЗГУНИ, ЃОНОВИЦА, АЛИЛИЦА, ПЕШНА, МОМИЧЕК, ЛЕДЕНА, ГАЛИШКА, САМОТСКА ДУПКА, УБАВА, КРШТАЛНА, ВРЕЛО
Изработивме брошура 125х215мм во 1000 примероци.
Материјалите се од архивата на Спелеолошкото друштво ПЕОНИ, поддржано од Министерството за култура на Р. Македонија,
2011
ПЕОНИ
Спелеолошко друштво
Пештера Бозгуни - „ПЕШТЕРА НА ЗЛОТО”. Нека не ве заплаши името на пештерата! Зад него се крие еден сложен систем на тесни пештерни канали низ чиишто мразови и историски „теченија“ се создал еден огромен спелеобиолошки резерват во чиишто пазуви се скриени пештерни инсекти непознати и за науката. Импозантноста, пак, се огледува во огромниот отвор што ве воведува во и кон внатрешноста на првата сала осветлена од дневната светлина, но и го најавува „темниот дел“ исполнет со мраз и снег – достапен само за спелеолозите. Предизвик, зар не?
ЉИЉАЦИ
ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ И ЗАШТИТИМЕ
Автор на ова исклучително интересно дело е
г-ѓа Емилија Стојковска од Природонаучниот музеј во Скопје.
Брошурата е резултат на нејзиното повеќегодишно истражување
на колониите љиљаци во Македонија.
Изработена е брошура во 500 примероци.
Бескрајна благодарност за прекрасната соработка и за сѐ што научивме за овие неверојатни суштества.
2010
НАЈУБАВИТЕ ПЕШТЕРИ
ВО МАКЕДОНИЈА
На земјата македонска, за нејзината убавина,
што не престана да не изненадува и восхитува
секогаш, секаде!
2010
НАЈУБАВИТЕ
пештери во Македонија
ЕДНАШ ОДАМНА ВЕЛАТ, ЗЕМЈАТА ПОЧНАЛА ДА ПЛАЧЕ.
ОД ЖАЛ ЛИ, ОД РАДОСТ ЛИ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ.
ОД НЕЈЗИНИТЕ СОЛЗИ СЕ СОЗДАЛЕ ПЕШТЕРИТЕ.